Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо (47) повторно е сингл.
Познатиот заводник стави точка на долгогодишната врска со својата девојка, манекенката Камила Мороне (25).
Упатените блиски до холивудската ѕвезда тврдат дека Лео и Камила ја прекинале врската на почетокот на летото, пренесуваат странските медиуми.
– Меѓу нив нема лоши емоции. Едноставно дојде до својот природен крај, велат добро упатени извори.
Иако ова раскинување изгледа прилично вообичаено, особено во Холивуд каде врските со познатите личности постојано се на коцка, сосема е можно да има подлабока приказна зад тоа. Уште во 2019 година имаше гласини дека Леонардо ќе ја напушти Камила точно во 2022 година, кога таа ќе наполни 25 години.
Навистина, Камила го прослави својот 25-ти роденден во јуни оваа година, а набргу потоа беше отфрлена. Звучи бизарно, но краткиот осврт на љубовниот живот на познатиот актер јасно покажува дека тој никогаш во животот не се забавувал со жена која има повеќе од 25 години – тоа е горната граница.
Овој факт до таа мера ги забавуваше корисниците на социјалните мрежи што со години кружи дури и графика која дава увид во тврдењата дека Лео едноставно сака само жени во раните 20-ти. Таа информација дури стана редовна шега во Холивуд – ја спомна и Ејми Шумер при доделувањето на овогодинешните Оскари.
Многумина се сомневаат и дека ова е некаков фетиш на славниот актер бидејќи тој ја оставил секоја девојка веднаш штом таа наполнила 25 години, а која е вистината можеме само да шпекулираме.
ИЗвор: Србија данас