Фудбалерите на Манчестер јунајтед беа задоволни од веста за желбата на Роналдо да си замине, го сметаат за „болка во задникот“, пренесува ESPN, повикувајќи се на извор во тимот.
Се известува и дека 37-годишниот Португалец не може да се помири со фактот дека тимот во кој се врати значително се разликува од Манчестер од кој замина.
– Накратко, тој очекува Хари Мегваер и Маркус Рашфорд да играат како Рио Фердинанд и Вејн Руни. Тоа не го дозволува нивните очигледни недостатоци“, се вели во написот.
На четири натпревари во новата сезона од Премиер лигата, Кристијано Роналдо нема постигнато гол ниту асистенција. Во последните два натпревари тој влезе како замена, и на теренот мина вкупно 26 минути.
МИА