Трик кој ќе ве воодушеви: Што ќе се случи ако „вметнете“ ловоров лист при перењето на облеката? – ММС
ММС

Објавено на: 08/31/22 6:00 PM

Трик кој ќе ве воодушеви: Што ќе се случи ако „вметнете“ ловоров лист при перењето на облеката?

Ловоровиот лист не е само задолжителен зачин за во кујната, туку може да биде корисен и при перењето на облеката.

Само неколку листа се доволни да забележите дека може да се добие неверојатен ефект ако го ставите ловорот заедно со својата облека за перење. Трикот за перење на облеката кој се однесува на употребата на ловоровиот лист, всушност служи за да се сочува бојата или пак, да се врати бојата на облеката која била уништена во текот на преходните перења.

Ловоровиот лист може директно да го ставите во машината за перење, но многу подобар ефект ќе добиете ако облеката ја ставите во лонец наполнет со вода. Во зависност од количината на алиштата, земете неколку или пак, десет ловорови лисја, ставете ги во водата и оставете ја да врие. Кога водата малку ќе се излади, почекајте уште триесетина минути и во неа ставете ја облеката. Оставете ја да одстои неколку часа. Повремено може да промешувате за да се постигне подобар ефект. Потоа добро исцедете ги алиштата и ставете ги да се перат во машина. Овој трик најдобро функционира со бела облека.

Ако ловоровиот лист не помага, постои уште неколку начини со кои може да се обидете.

Еден од тие начини е да ставие две лажички сол во машината за перење на облеката. Солта одамна се користи за перење, бидејќи ефикасно ги отстранува дамките.

Добро е да се знае дека ловоровиот лист не е единствениот зачин кој добро функционира во купатилото. Ако имате многу црна или генерално темна облека, обидете се да додадете кафе или чај при нејзиното перење. Овој едноставен, природен трик ќе ви овозможи да уживате во интензивните нијанси на вашата омилена облека. Доволно е да сипете четвртина чаша од некој поинтензивен чај или кафе во делот за перење. Ваквите напитоци имаат интензивна боја, благодарение на што ќе спречат вашата облека да избледи.

 

Извор: stil.kurir.rs

Фото: Илустрацја / Pexels