Само една реченица води до неверојатно доживување во спалната соба – ММС
ММС

Објавено на: 08/31/22 11:00 PM

Само една реченица води до неверојатно доживување во спалната соба

Сексологот, Емили Морс на својот Инстаграм напиша дека една реченица е клучот за разгорување на страста во спалната соба.

– Според мене, највозбудливо е кога партнерот ќе те праша: Дали ти се допаѓа ова? – вели Морс.
Многу може да се постигне со разговор, а не е лошо одвреме-навреме да го прашате партнерот што му се допаѓа во кревет.

Ова ќе создаде можност да ја подобрите врската, но и да добиете потврда дека тоа што го правите е возбудливо. Можеби на вашиот партнер веќе не му се допаѓа нешто што сте го правеле и не се двоуми да ви каже.

– Некои од нас мислат дека партнерот треба интуитивно да ги знае сите наши сексуални желби, но тоа е ретко можно. Ваквиот начин на „проверување“ за време на сексот и давање до знаење на партнерот дека прави нешто добро, води до поголемо задоволство, подлабока поврзаност и подобра комуникација во сите сфери на животот. Ова е клучот за успехот во сексот – вели Емили.

Мнозинството се согласило со неа:

– Ми се допаѓа кога партнерот ме прашува дали нешто ми се допаѓа. И тоа доста ме возбудува – и’ напишале.