„Кога првпат ми ги тутна парите во рака знаев дека нема враќање“ – Како се станува спонзоруша и проститутка? – ММС
ММС

Објавено на: 08/31/22 8:00 PM

„Кога првпат ми ги тутна парите во рака знаев дека нема враќање“ – Како се станува спонзоруша и проститутка?

Мејв Мун од Манчестер долги години се занимавала со сексуална работа.

Според неа, таа станала зависна од пари и работела со повеќе клиенти отколку што нејзиното тело можело да поднесе.

Таа сега отворено зборува за тоа, со цел да апелира до другите жени и да предупреди на сите опасности од оваа работа.

Таа тврди дека многу наивно влегла во приказната за проституција, со тоа што прво била „спонзоруша“.

„Патував со еден од моите спонзори во Америка. Набрзо влегов во проституција, игнорирајќи ги сите здравствени предупредувачки знаци“, вели таа.

Мејв успеала да се извлече од канџите на проституцијата и моментално работи на тоа да стане психотерапевт. Таа дури и го отворила својот канал на Јутјуб за да можат што повеќе жени да го слушнат нејзиниот совет.

„Кога првпат почнав, наплаќав 150 фунти на час. Се сеќавам на првиот клиент. Само ми ги тутна парите во рака, тоа беше само огромна сума пари за мене. Се сеќавам дека се вратив во заедничкиот стан со цимерката и само ги галев тие пари“, истакнува Мејв, која тогаш била студентка.

-150 фунти не се ништо, апсолутно ништо. Меѓутоа, кога цел живот работите за кикирики, 150 фунти изгледаат како огромна работа. Ме привлекоа парите и набрзо се „навлеков” на тие приходи –  додава таа.

Истакнува дека парите и станале послатки, и дека сакала да заработи што повеќе. Водена од оваа желба, Мејв примала повеќе клиенти отколку што нејзиното тело можело да поднесе.
Поради големиот обем на работа, нејзиното здравје почнало значително да се влошува.

„Станував се послаба и послаба, мојата самодоверба исчезнуваше и им дозволував на луѓето да ми прават погрди и полоши работи“, вели таа.

Мејв откри дека била толку заслепена од профитот што дозволила странците да прават што сакаат со нејзиното тело.

„Опасно е да дозволиш странци да го изнајмуваат твоето тело и да прават што сакаат со него. Многу клиенти станаа насилни, а тие самите себе и мене ми го оправдуваа тоа со тоа што „барем нема да бидат насилни кон другите жени. Јас пак, бев навлечена на тие приходи. Работев секој ден, без пауза“, тврди Мејв.

Како што се зафатила оваа сурова работа, Мејв станала зависник од наркотици и тонела се’ подлабоко и подлабоко.

„На крајот на 2019 година се најдов во ужасна ситуација – имав воспаление на карлицата, имав труење со бакар и бев зависна од опијати. Неизмерно го мразев својот живот во мојот луксузен стан во центарот на Лондон”, раскажува таа.

По сите неволји што ја снашле поради оваа работа, Мејв решила да замине во духовно одморалиште каде што ветила дека повеќе нема да се занимава со проституција. Таа отворила канал на Јутјуб и целосно се посветила на оваа тема, решавајќи да го искористи својот пример за да влијае на свеста на другите жени.

„Од лично искуство знам дека младите влегуваат во проституција за пари. Ако размислувате за ова, запрашајте се – ако парите не беа проблем, дали сè уште ќе го работевте ова? Знам дека оваа логика може да се примени на повеќето работни места, но имајте на ум дека повеќето работни места не ве уништуваат на физички и емоционален план секој ден“, посочува Мејв.

„Проститутка, спонзоруша, наречи го како што сакаш – замисли ова да го правиш секој ден. Колку непознати луѓе, непознати енергии, со кои ја делиш душата и телото. После таквите искуства, сосема е можно да доживееш посттрауматски стрес, дисоцијација, страв од интимност, страв од врски, страв од луѓе. Вашето тело е бесценето и единствениот пријател што го имате за цел живот.Запрашајте се – дали би ја советувале вашата сестра или најдобра пријателка да го продаде своето тело за бедни 150 фунти или која и да е сума? Секако дека не би. Тогаш зошто би си го направила тоа?“, заклучува таа.

Извор: Курир.рс

Фото: Инстаграм