„Фрајле“ со голем концерт во Хераклеа, Битола – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/22 2:20 PM

„Фрајле“ со голем концерт во Хераклеа, Битола

Крајот на концертната сезона во Битола годинава ќе го означи концертот на женското трио од Нови Сад „Фрајле“.

Концертот е закажан на 6-ти септември, вторник, во Хераклеа, Битолa, a „Фрајле“ ќе се претстават со музика полна со добри вибрации за сите генерации.

„Со цел на што поразлична и поширока публика да и пружиме музички задоволства оваа сезона, се одлучивме да ги донесеме навистина квалитетните, интересните и секогаш возбудливите „Фрајле“. Сите оние кои барем еднаш одгледале нивни настап, знаат добро каква енергија и какво музичко доживување ги очекува“. – велат организаторите.

Трите дами Наташа, Невена и Јелена, познати по нивната појава и музички стил кој се толкува како „Војводинско танго” во овие долги години „музичко патување” го пропатувале половина свет со својата музикa. На листата на нивни настапи се бројат и оние на 10.000 метри во авион, во Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки. Нивните бројни хитови и преработки како што се: „Мењам дане“, „Мени требаш ти“, „Ich Liebe Dich“, „Битола мој роден крај“ и многу други ќе бидат само дел од нивниот пребогат музички репертоар, а нека не ве чуди ако вечерта на 6-ти изненадат со некоја нова преработка на песна.