Меган Маркл без влакна на јазикот: Си стави бисери вредни 36.000 долари и го потресе кралското семејство како никогаш досега – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/22 7:00 PM

Меган Маркл без влакна на јазикот: Си стави бисери вредни 36.000 долари и го потресе кралското семејство како никогаш досега

Меган Маркл повторно се најде во центарот на вниманието благодарение на последното интервју за магазинот The Cut каде што се појави на насловната страница.

Освен што ги откри своите работни планови поврзани со подкастот Archetypes, но и деталите поврзани со излегувањето од монархијата, таа уште еднаш воодушеви со својот истенчен вкус. Во фустан без ракави со долка, пар обетки од Lanvin и едноставно залижана коса, таа изгледа како вистински модел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Cut (@thecut)

Ова интервју е објавено откако беше потврдено дека следната недела, во текот на нивната посета на Велика Британија, Меган и Хари нема да ја посетат кралицата. А откако изјави дека според членовите на кралското семејство, тие само пречеле, Меган додаде дека особено ѝ пречело тоа што за нив важеле други правила. Според нејзините зброви, постојат голем број принцови и принцези, кои добиле сѐ  уште побарале, но таа не ги прецизираше нивните имиња.

„Ги навредуваа моите деца“

Од некоја причина нам не ни беше дозволено да работиме иако некои членови на семејството го прават токму тоа – изјави војвотката од Сасекс, но не знаеше да објасни зошто било така. Таа додаде и дека не сакала своите семејни фотографии да ги споделува со медиумите, чии читатели ги нарекувале неа и нејзините деца „niggers“ (црнци).

Меган додаде дека на неа и на Хари не им била дадена никаква контрола над инстаграм профилот Kennsington Royal, кој на почетокот го делеле со принцот Вилијам и со Кејт Мидлтон.

Повод за ваквото интервју беше подкастот со чие снимање Меган отпочна неоамна. Во првата епизода гостуваше Серена Вилијамс, по што подкастот ги сруши сите рекорди.

Во првата комбинација, Меган носи бело одело со асиметрични копчиња, а во втората комбинација таа има минимални аксесоари, додека пак, косата ѝ е пуштена.

Меган го задржа својот потпис во стајлинзите, па таа носеше парчиња во кои јавноста може да ја види и кога е зад објективите. Втората комбинација носи прекрасен Шанел фустан од колекцијата на луксузниот бренд за претстојната есен.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Cut (@thecut)

Фустанот е изработен од твид, ткаенина која е заштитен на Шанел. Третата комбинација е сатенски црн фустан со миди должина и корсет во стилот на 50-тите години од минатиот век. Од накит, Меган со оваа комбинација носеше бисери кои совршено ја истакнаа софистицираноста на самиот фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Cut (@thecut)


Само бисерите чинат 36.000 долари.

Војвотката од Сасекс е сѐ повеќе вклучена во активизмот, па се шират гласини дека наскоро таа ќе отвори и свој Инстаграм профил кае ќе го промовира она со што во моментот се занимава, но и она што го правела пред да се помажи за Принцот Хари.

 

Извор: stil.kurir.rs

Фото: Архива