Актерот Леонардо ди Каприо го покажа своето импресивно губење на килограми за време на излегувањето во Малибу.
Последниве месеци е фотографиран на различни тропски локации, каде очигледно се грижел за правилна исхрана.
View this post on Instagram
Актерот за лежерна прошетка носеше црна маица со кратки ракави, беж бермуди и бели патики. Оваа шик, но во исто време лежерна комбинација ја заокружи со капа и големи очила за сонце. Беше сам, без својата поубава половина Камила Мороне (25).
Актерот почна да излегува со аргентинско-американскиот модел во 2017 година, кога таа имаше 20 години. Меѓутоа, во последните недели обожавателите се загрижени за нивната врска – од прилично чудна причина.
Со текот на годините, корисниците на социјалните мрежи истакнаа дека Леонардо има тенденција да излегува само со девојки кои имаат 25 или помлади години. Еднаш, некој на Редит дури направил графикон за љубовниот живот на актерот за да ја докаже теоријата дека тој преферира помлади жени.
Во меѓувреме, Камила наполни 25 години на 16 јуни. Многумина тогаш почнаа да се шегуваат на сметка на нивната врска, дали ќе потрае или дали ќе заврши.
Извор: espreso.rs
Фото: Твитер