„Да нè радува, како што нè нервира“ – Милена го прослави роденденот на Лана Марија – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/22 11:17 AM

„Да нè радува, како што нè нервира“ – Милена го прослави роденденот на Лана Марија

Водителката Милена Антовска Станковска го прослави роденденот на поголемата ќеркичка Лана Марија.

Како што е познато, Лана Марија  родена на големиот празни Богородица, па оттаму и во нејзиното име покрај Лана, среќните родители го додадоа и Марија.

-Лана Марија вчера наполни 5 години и веќе мисли дека е многу голема. Да ни е жива и здрава и да не радува и секако да не нервира цел живот. Не дека е моја, не дека е наша ама има зошто е родена на еден од најубавите празници, Успение на Пресвета Богородица. Те сакаме, напиша водителката на Фејсбук.

Милена пред неколку месеци стана мајка и на уште една ќеркичка, Јоана. И покрај двете бремености, Милена и понатаму остана згодна и убава мајка.