Драгоценото масло кое се добива од цветот на лаванда успешно остранува главоболка и напнатост, а чајот ја ублажува мачнината и менструалните тегоби.
На многумина прва асоцијација за лаванда им се мирисните вреќички исполнети со сушени цветови на оваа билка, кои се чуваат во ормарите со гардероба, штитејќи ја од молци и обезбедувајќи свежина. За среќа, инсектите не поднесуваат лаванда, но затоа е непроценливо корисна за луѓето и благодарение на неа ќе се заштитите од комарци, крлежи и други инсекти.
Ги ублажува нервозата и стресот
Името на билката чија татковина е Медитеранот, а денес се одгледува речиси насекаде, потекнува од латинскиот израз лава, што значи да се испере. Ова има смисла бидејќи уште старите Римјани ја користеле лавандата во хигиенски и козметички цели, додавајќи ја во водата за капење. Во Европа пронашла значајно место во манастирските градини, каде активно се одгледувала и се користела за лекување на рани, а од 17 век се употребува во Франција во производство на парфеми.
До денес билките на ситните нежновиолетови цветови широко се користи во традицоналната медицина. Најмногу се употребуваат цветовите кои содржат пет проценти на испарливо етерично масло. Освен тоа во нивниот хемиски состав се наоѓаат танини, смолести и горки материјали, флавонаиди, фитостероли и други вредни супстанции. Сепак, највреден елемент на кој лавандата му го должи прекрасниот мирис е линалил-ацетат и неговиот процент изнесува помеѓу 30 и 60%. Тој има изразено смирувачки ефект на периферните нервни завршетоци на сите системи во организмот, вклучувајќи ги кардиоваскуларниот, гастроинтестиналниот, нервниот и респираторниот систем.
Лавандата често се применува како компонента во подготовката на растителните седативи и препарати за спиење, а таа е и една од ретките билки која е непоходна во лечење на некоимавтоимуни пореметувања. Етеричното масло од лавадна се користи за ублажување на стрес и несоница, опуштање, против болки во зглобовите и мускулите, како лек за изгореници и како природен аналгетик кај мигрена и главоболка. Традиционалната медицина го препорачува за смирување на надразнетата кожа, зараснување на раните и регенерација на лузни.
Во купки и за масажа
Ако се додаде во некое базично масло може да се користи и за пријатна масажа, која ќе ја подобри циркулацијата на крвта, но и како додаток на релаксирачки купки. Освен што помага да се ослободите од хроничниот умор и подобрување на концентрацијата, во комбинација со цвет од камилица, лавандата успешно лекува бронхит и засипнатост.
Билката има диуретски ефект, ја нормализира работата на црниот дроб и жолчното ќесе, ја подобрува исхраната на срцевиот мускул и го нормализира крвниот притисок кај луѓето склони на хипертензија.
Во козметички цели лавандата се употребува за нега на сите типови кожа, ги ублажува воспаленијата, акните и мозолчињата, дерматитот и херпесот. Етеричното масло позтивно влијае на косата така што го елиминира првутот и спречува кршење на косата. Во фармацијата лавандата често има задача да го подобри мирисот на други лекови.
Во Франција, Шпанија и Италија лавандата се користи во подготовка на сосови, салати, супи, како додаток во подготовка на јагнешко и јадења од зеленчук. Како и црниот пипер, правот од лаванда се посипува по храната, како зачин во текот на готвењето, а одлично се сложува со маточината, нането, темјанот и жалфијата. За да даде специфична пријатна арома, исушените цветови на лаванда се додаваат и во пецива, мед, џемови, а билката се користи во подготовка на алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Лавандата кај нас се одгледува во бавчи и жардињери, но и на плантажа, лесно е достапна и можете да ја купите во аптеки и продавници за здрава храна или на улични штандови специјализирани за продажба на лаванда и производи од неа.