Столе, Елиф, Барди, Алиоски, Никола, Милан.. во кампања за малигните болести на крвта – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/22 10:26 AM

Столе, Елиф, Барди, Алиоски, Никола, Милан.. во кампања за малигните болести на крвта

Септември е светски месец за подигнување на свеста на малигни болести на крвта (леукемии, лимфоми и миеломи).Оваа година Здружението ХЕМА во соработка со Фудбалската репрезентација на Македонија(ФФМ) и пациентската организација за лимфом Lymphoma Australia, по петти пат го одбележува месецот Септември со апел до граѓаните за редовни прегледи и апел до институциите на системот за овозможување на пристап до иновативни лекови за лицата со леукемии,лимфоми и миеломи.

Најголем број од иновативните лекови имаат примена кај малигните болести на крвта, и тоа со јасно подобрена ефикасност. Треба да постои цврста определба на следење на светските достигнувања во што побрз временски рок, а ние сме во ситуација во која позитивната листа на лекови не е обновена цели 17 години. Освен тоа, хендикеп е што не стануваме дел од тн. клинички студии, кои нудат опција за третман со иновативни лекови кога тие се во фаза на клиничко испитување, а тоа е една од основните препораки на светски релевантните професионални здруженија, за пациентите кои станале отпорни на стандардните прифатени протоколи за лекување.

Правото на здравствена заштита е едно од основните,а граѓаните треба да знаат дека имаат можности да бараат ова право да биде соодветно регулирано и остварено. Здруженијата на пациенти се гласноговорници на пациентите и тие честопати ја преземаат иницијативата за подобрување на условите и можностите за нивно успешно лекување.