(Видео) Швалер виси гол на прозор, па му откажаа рацете и заврши во контејнер – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/22 9:00 PM

(Видео) Швалер виси гол на прозор, па му откажаа рацете и заврши во контејнер

Снимките од швалери кои висат од прозорците или терасите на високите згради пред налетот на разбеснет сопруг секогаш привлекуваат големо внимание.

Ако во исто време швалерот бега гол, што не е реткост, сцената е дотолку поинтересна и посмешна за набљудувачите.

Едно такво видео повторно се шири на социјалните мрежи.


Навистина, видеото е старо и не се знае каде се случило сето тоа, но јасно е дека овој човек длабоко се покајал што пипнал туѓо.

Не само што висел од прозорецот гол, туку неговата авантура имаше сериозни последици. Рацете на швалерот попуштиле, тој паднал од голема височина, по пат некаде околу првиот кат удрил во цевка од клима уредот, а потоа се струполил врз контејнер.

Не се знае степенот на повредите, но секако е болно. Секое школо се плаќа, а тој скапо го плати ова.