Како да ги натерате тинејџерите да одат во училиште и да ги завршуваат домашните задачи – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/22 6:00 PM

Како да ги натерате тинејџерите да одат во училиште и да ги завршуваат домашните задачи

Пубертетот е еден од најтешките периоди во животот на една личност. Во тоа време децата почнуваат да го напуштат училиштето, да добиваат лоши оценки и целосно да го губат интересот за учење. За да можат да се носат со овој проблем, родителите мора да ги дознаат причините за таквото однесување и да разберат како да се носат со него.

Зошто детето одбива да ги изработи домашните задачи?

Тинејџерите можат емоционално да перецепираат сè што им се случува. Затоа манифестацијата на протест е природна реакција на детето. Веднаш треба да сфатите дека методите на осудување овде нема да помогнат, бидејќи ќе предизвикаат агресија и ќе ја влошат ситуацијата. Паричните награди за добри оценки можат да доведат до ситуација во која вашето дете нема да сфати на кој всушност му е потребно неговото добро образование.

Ако тинејџерот одбива да учи, тогаш морате да изградите комуникација од доверба.

Главните причини поради кои детето одбива да учи се:

Недостаток на мотивација – Тинејџерот станува позрел и не верува во сè што му зборуват родителите. Почнува да сфаќа дека многу луѓе со високо образование заработуваат многу малку, додека поранешни ученици со средно образованиепостигнуваат голем успех.

Несогласувања со учители и соученици од одделението – Ова е една од најчестите причини поради кои децата ја прескокнуваат наставата. Можеби состојбата во одделението или комуникацијата со учителот е толку тешка за тинејџерот што единствениот излез од оваа ситуација го гледаат во отсуствувањето.

Караници во семејството – Ако родителите постојано меѓусебно се караат, тешко е тинејџерот да биде успешен во која било област. Детето секогаш се чувствува виновно поради несогласувањата помеѓу родителите.

Замор – Ако тинејџерот каже дека е уморен, тоа не е лага. Во периодот на брзиот пубертет детето почнува брзо да расте и да се развива, што пак доведува до големо оптеретување на срцето и исцрпеност.

Како да се мотивира тинејџерот да учи

Откако ќе се утврди причината, може да се превземе акција. Да го направите тоа, морате да се придржувате на следните препораки:

Објаснете му на вашиот тинејџер дека животот не е чесен секогаш. Но ако добие позитивни оценки во иднина ќе моѓе да избира факултет и просефија по свој вкус.

Изградете однос на доверба со своето дете и помогнете да ги реши настанатите проблеми. Посетете психолог, променете го учителот па дури и училиштето.

Создадете мирно опкружување во својот дом. Односот со соружникот реализирајте го без присуство на тинејџерот.

Овозможете му на своето дете мирно опкружување. Запамтете дека на младото тело му е потребно девет часа сон секој ден.

Запамтете дека треба да делувате нежно, а за секој успех пофалтете го детето.

Ако не знаете како да го натерате тинејџерто повторно да покаже интерес за учење, тогаш секоко употребете ги предходните препораки. Држете се до нив, дури ако вашето семејство сеуште нема таков проблем, бидејќи многу полесно е да се спречат потешкотиите во пубертетот отколку подоцна да се носите со нив.

 

Извор: hr.healthy-food-near-me.com