Тома и Силвана заедно, јадат пилешко со прсти – За сите што не веруваа дека биле повеќе од пријатели – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/22 11:10 AM

Тома и Силвана заедно, јадат пилешко со прсти – За сите што не веруваа дека биле повеќе од пријатели

На социјалните мрежи кружи фотографија на која се гледаат тројцата починати легендарни пејачи Тома Здравковиќ, Силвана Арменулиќ и Бора Дрљача.

Тоа бил свечен прием организиран од локални организатори.

Тогаш Тома и Бора биле на почетокот на кариерата, додека Силвана веќе била на врвот. Пејачката дружина била срдечно пречекана, а доказ за тоа е интересна фотографија на која јадат печено пилешко. Немало нож и вилушка, послатко им било да јадат со прсти.

По прикажувањето на филмот „Тома“, многумина се прашаа дали Тома навистина бил вљубен во Силвана. Вдовицата на Тома, Гоца Здравковиќ, во една прилика искрено изјави дека мисли дека меѓу нив имало специфичен однос.

– Ми кажа за Силвана, дека биле добри другари, пријатели. Мислам дека имаше специфична врска меѓу него и Силвана. Познавајќи го мојот сопруг, бидејќи беше со заљубљива природа, веројатно бил заљубен во неа, бидејќи таа беше недостижна за него во тоа време. Кога таа почина, тој беше навистина очаен. Не можеше да разбере дека ја нема. Имаа специфична врска, во секој случај се работеше за емоции, рекла таа.

 

Извор: Курир