Почнува Европското одбојкарско првенство за јуниорки во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/22 12:25 PM

Почнува Европското одбојкарско првенство за јуниорки во Скопје

Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) од денеска до 4 септември во Скопје е домаќин на Европското првенство до 19 години во женска конкуренција.

Македонската јуниорска женска одбојкарска репрезентација ќе игра во групата А заедно со Финска, Грција, Италија, Полска и Словенија. Прв противник на македонските одбојкарки вечерва со почеток во 20:30 часот ќе биде репрезентацијата на Финска.

Сите натпревари во рамки на групата А ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски”.

Групата Б ја сочинуваат Хрватска, Романија, Србија, Швајцарија, Холандија и Турција, кои своите натпревари ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански”.