Сестри близначки се омажиле за браќа близнаци и во исто време родиле синови – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/22 8:00 PM

Сестри близначки се омажиле за браќа близнаци и во исто време родиле синови

Еднојајчените близначки Брајана и Британи Дин (35) од Вирџинија, САД, се омажиле за еднојајчените близнаци Џош и Џереми Салиерс, а неодамна и двете родиле машки деца, со разлика од само три месеци.
Бријана и Џереми се родители на момче, Џекс, а Британи и Џош се родители на момче Џет. Момчињата ја делат истата ДНК, што всушност значи дека тие се генетски „браќа“.


Зборувајќи за NBC News, Британи, мајката на Џет, рече дека уникатната ситуација на момчето ги прави уште поблиски. Сите тие делат заеднички дом, како и банкарска сметка.
– Се чувствувам како и јас да сум татко на Џет, и мислам дека Џош го чувствува истото за Џекс. Заедно ги воспитуваме децата за да се чувствуваме како едно семејство – изјави Џереми.


Британи и Брајана ги запознаа Џош и Џереми на фестивал на близнаци во 2017 година. Тие станаа толку познати што нивната венчавка беше дури и емитувана на телевизија. На листата на гости на нивните свадби имало околу 15 пара близнаци.
Тие се венчаа во Твинсбург, Охајо, во август 2018 година, а сестрите носеа идентични фустани. Неколку години подоцна, во 2020 година, ја објавија веста за заедничката бременост. Нивната свршувачка беше исто толку посебна бидејќи браќата го поставија прашањето во исто време со идентични прстени.


– Јас и Џош отсекогаш знаевме дека треба да најдеме близнаци ако сакаме да се венчаме. Имавме среќа – заклучил Џереми, пишува Дејли Стар.