Денес почина познатата македонска пејачка Невена Кочовска (81), вокал на легендарната група „Мањифико“.
Невена и нејзиниот сопруг Панче не само што се познати по некогаш мега популарната група „Мањифико“, туку и се родители на пејачката и актерка, Лидија и Тања Кочовски.
Веста за смртта најпрво ја објавија Лидија и Тања на своите профили на социјалните мрежи.
Тања со црно срце, роза и нејзина фотографија на Фејсбук, додека Лидија на Инстаграм.
-Патувај мирно мајко моја, патувај и пеј со агнелите, напиша Лидија.
Невена последните години боледуваше од Алцхајмерова болест, живееше со сопругот Панче, но постојано со нив беа и Лидија и Тања.
Ансамблот „Мањифико“, каде долги години беа членови е формиран во 1959 година, настапуваа низ целиот свет и нивните плочи достигнуваа и до златен тираж.
Групата престана да работи во 1990 година, од кога и Невена и Панче се повлекоа од естрадата.
Пред две години нивната ќерка Лидија прозборе за болеста на мајка си.
-Таа е тип на човек која е многу свесна за својата болест. Да не ја наречам болест, да ја наречам состојба. Значи почна со подзаборавање, се’ повеќе и повеќе и на крај почнуваа да се случуваат чудни реакции. Поголема нервоза на моменти. Нам не ни беше јасно, ние сето тоа го гледавме како деменција, заборавање, но подоцна сфативме дека не е тоа, дека се работи за нешто повеќе, за нешто покомплицирано. Подоцна и’ дијагностицираа Алџхајмер, рече тогаш Лидија.
Прочитајте го целото интервју во кое зборува за животот на луѓето со оваа болест.