Дружењето во ресторан во Пула и објавувањата на социјалните мрежи беа потврда за пријателството на Милан Поповиќ, поранешниот партнер на популарната пејачка Северина и нејзиниот поранешен сопруг Игор Којиќ.
Двајцата се следат на Инстаграм, а Игор неодамна го прослави својот 35 роденден на кој присуствуваше и Милан, кој дошол со синот.
Милан на Игор му подарил икона, иако пишуваше дека за роденденскиот подарок на Игор избрал скап автомобил Ауди А8.
„Вашата информација не е точна, но не сум изненаден со оглед на тоа што очигледно доаѓа од лажливиот тим на Северина. Игор доби икона од мене за роденден. Северина очигледно се плаши дека сега ќе излезат на виделина сите нејзини лаги, манипулации, влијанија врз институциите и други незаконски дејствија и затоа се обидува да го дискредитира поранешниот сопруг. Поздрав“, изјави Милан Поповиќ за Индекс.хр.
View this post on Instagram
Дека тие двајца се спријателиле, освен што биле видени во ресторан во Паг, тоа го потврдија и на социјалните мрежи.
На 4 август, Игор објави фотографија од теретана и напиша: „Доаѓа зима“.
View this post on Instagram
Истото го направи и Милан на 13 август, објавувајќи идентична порака со илустрација на патоказ за селото Поповиќи-Којиќи кај Книн, што може да се протолкува како своевидна порака до Северина.
Игор Којиќ наскоро ќе биде сведок во судот во една од тужбите што Милан ги поднесе против Северина.
Извор: Н1.инфо
Фото. Инстаграм