Јана е најскапата љубовница во светот, принцот го врти на малиот прст, ја кити со милиони – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/22 8:00 PM

Јана е најскапата љубовница во светот, принцот го врти на малиот прст, ја кити со милиони

Украинката Јана Орфева важи за најскапа љубовница, а вниманието на медиумите го привлече откако беше откриено дека оваа девојка зема  по 5.000 евра.

Таа е љубовница на саудиски принц кој дебело плаќа за да биде во нејзино друштво.

Јана и принцот се во врска повеќе од две години, а тој ѝ ја исполнува речиси секоја желба. Благодарение на парите, овој модел купи станови низ цела Европа, како и во родниот Киев, а мултимилионерот не штеди кога се во прашање луксузните патувања, брендирани чанти, чевли и автомобили.

Додека на социјалните мрежи споделува бројни работи од приватниот живот, на нејзиниот Инстаграм профил се појави фотографија од специјално направен прстен „Граф“ кој чини околу 200.000 евра, што според странските медиуми е ситница за принц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @yana.orfeeva


Јана на Инстаграм ја следат 177 илјади луѓе, а тој број секојдневно се зголемува. На мрежите таа редовно објавува модни комбинации, но и слики од патувањата, додека сликите со принцот се ретки – на профилот на Јана има само една фотографија со саканиот.
Но, со вниманието што го доби како „најскапата и најбогатата љубовница“, во јавноста се појавија и фотографии како изгледала пред сите операции.

Факт е дека Јана го одзема здивот со својот изглед, а не е тајна дека во минатото била повеќе од атрактивна и згодна. Сепак, некои промени се видливи.

На рана возраст таа била само уште една обична девојка од една украинска провинција која си ја пробала среќата на натпревари за убавина. Иако денес го крие своето минато, вклучително и како изгледала некогаш, старите фотографии покажаа колку Јана се променила до денес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @yana.orfeeva


Јана ја зголемила устата, го оперирала носот и јаболчниците, а забележливо е дека обликот на очите и е поинаков, што многумина го припишуваат на таканаречената fox-eye процедура. Јана од моментот кога ја започнала врската со саудискиот принц ги избришала сите фотографии на кои е со семејството, а на нејзиниот Инстаграм може да се најде само една фотографија на која е со мајка ѝ, па јасно е од кого ја наследила убавината.

Многумина се на мислење дека не ѝ требала операција, но дефинитивно го заработила својот нов изглед и тоа колку добро се снашла.

Извор: Курир.рс

Фото: Инстаграм