Сепак пукна љубовта, не тетоважата – По 25 години брак се разведува Силвестер Сталоне – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/22 8:07 AM

Сепак пукна љубовта, не тетоважата – По 25 години брак се разведува Силвестер Сталоне

Сопругата на Силвестер Сталоне го обвинила славниот актер дека ги криел сите пари неколку дена откако Дејли Мејл откри дека нејзиното истетовирано лице на раката го прекрил со слика од своето куче Буткус!
Џоан Флавин, која е 22 години помлада од нејзиниот 76-годишен сопруг, на Инстаграм навести и дека конечно е готово и дека останала сама со нивните три ќерки.

Сопругата на Сталоне во петокот поднела барање за развод, а упатените сега откриваат дека славниот актер може скапо да плати за тоа што ги сменил броевите на нивната заедничка банкарска сметка и криел други вредни средства.

Од судот Џоан бара итно да му се забрани на нејзиниот се уште службен сопруг каква било продажба, пренос на пари, расипништво, оптоварување на имот за време на бракоразводната постапка.
Сето тоа тргна наопаку за јавноста и не може да се поправи за г-ѓа Сталоне кога тој реши повторно да ја направи сликата на тетоважата со нејзиниот лик „но резултатите беа незадоволителни и за жал, непоправливи.“ Како резултат на тоа, тој ја покри оригиналната слика со тетоважа на Буткус, неговото куче од Роки.

Сталоне ретко ја покажуваше тетоважата на неговата сопруга. Тоа го направи дури на 7 август на својата страница на Инстаграм, но само девет дена подоцна, на 16 август, Зак Перез, момчето кое го истетовира, објави фотографија на која работи на надлактицата на Сталоне, а наместо Џоан, се појави слика од кученце.
Третиот брак на Сталоне се чинеше дека е еден од најсилните досега во Холивуд, иако нивната романса имаше тежок почеток. Тие првпат се сретнаа во 1988 година, кратко по раскинувањето на неговиот краток втор брак со Брижит Нилсен. Тие се запознале во ресторан во Беверли Хилс кога таа била 20-годишна манекенка, а тој страдал од некои проблеми со Рамбо 3 – филмот што му ја донесе Златната малина за најлош актер. Тој потоа се пресели кај моделот Џенис Дикинсон, која рече дека тој е татко на нејзиното девојче, но ДНК тестовите покажаа дека тој не е таткото. Потоа се сврши со актерката Енџи Еверхарт, но и тоа пропадна и се врати кај Џоан.

Тие се венчаа на 17 мај 1997 година во луксузниот хотел Дорчестер во Лондон, а со репутацијата на Сталоне како плејбој малкумина предвидеа дека тоа ќе трае долго.

Извор: Курир.рс

Фото: Инстаграм