„Ново утро” насловена новата концертна сезона на Македонската филхармонија – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/18 6:56 AM

„Ново утро” насловена новата концертна сезона на Македонската филхармонија

Со концертот „Ново утро“, на кој ќе настапи врвниот пијанист од Франција, Лука Дебарг, денеска ќе биде отворена новата концертна сезона на Македонската филхармонија.

Дебарг, кој е лауреат на престижниот натпревар „Чајковски“, ќе го изведе најкомплексното дело за пијано, Концертот за пијано и оркестар број два од рускиот композитор Сергеј Прокофјев.

На концертот „Ново утро“ ќе диригира маестро Јерухам Шаровски од Израел, а оркестарот на Македонската филхармонија по подолга пауза ќе ја изведе и романтичната и атрактивна „Фантастична симфонија“ од францускиот композитор Хектор Берлиоз.