Страстите околу настапот на Јелена Карлеуша на „Роштилијада“ во Лесковац не стивнуваат и по завршувањето на нејзиниот концерт.
Јелена е воодушевена од одзивот на публиката, но оние кои не беа за тоа пејачката да настапи се згрозени од нејзиниот провокативен настап, за кој, наводно, Град Лесковац платил дури 20.000 евра!
На Твитер се појавија бројни коментари со осуда на концертот на Јелена, каде се ширеа фотографии и снимки, со прашање дали овој настап е адекватен за детската возраст.
– Претстава во Лесковац во режија на Ј.К. Тапкање по гол задник – адекватна програма за деца кои дојдоа да ја гледаат. Па лесковчани, што дозволивте! Сакам да слушам музика, а не да гледам стриптиз! – се дел од твитовите.
На некои им пречело што концертот бил платен 20.000 евра.
– Градот Лесковац на ова суштество со газ му плати 20.000 евра. Тоа се случи, иако лесковчани јавно се противеа, пишува во друг твит.
Некои ја коментираа оваа ситуација и слики од настапот на хумористичен начин.
-Дојдов да ви ги пробркам вегапчиеата, а веќе дадов – напиша твитерџика.
Карлеуша веднаш по концертот почна да објавува слики и видеа од Лесковац, со голема благодарност до сите што беа таму.
– Каква ноќ! Благодарам Лесковац! Посилни од дожд, посилни од молњи и громови, посилни од мразители! Цел југ на Србија синоќа дојде да пееме и уживаме заедно. Какви фанови имам јас, никој нема – напиша Карлеуша на Инстаграм.
View this post on Instagram
Карлеуша на конференцијата по повод концертот откри дека нејзиниот најавен хонорар од 20.000 евра нема да биде платен, туку дека сите пари биле вложени во нејзиниот сценски настап.
View this post on Instagram
Извор: Курир.рс
Фото: Инстаграм