Пејачката Андреа вљубена во Кирил Петков и љубоморна на Лена Бориславова?! На трач- муабетот одговор дала на Фејсбук – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/22 8:00 PM

Пејачката Андреа вљубена во Кирил Петков и љубоморна на Лена Бориславова?! На трач- муабетот одговор дала на Фејсбук

Деновиве главен трач – муабет во Бугарија е дека сопругата на екс премиерот Кирил Петков го нашуштила и се вратила во Канада. Но, не одамна во бугарските медиуми осамна уште еден трач.

Наводно, како што пишуваат бугарските медиуми, фолкерката Андреа била вљубена во екс премиерот Кирил Петков и љубоморна на Лена Бориславова, за која велат дека му е љубовница.

Оваа информација, како што пушува бугарски Блиц, ги обиколила сите медиуми и го потресла  шоубизнисот во Бугарија.

Припиена за ѕид, пејачката ја признала целата вистина. Излегува дека навистина има чувства за лидерот на  партијата „Ја продолжуваме промената“.

За жал, нејзините чувства не се романтични, туку само политички. Таа на својот Фејсбук напиша долга објава во која точно објасни кои се нејзините чувствува кон Петков.

„Не знам кој болен мозок кажал дека сум заљубена во Кирил Петков, многу добронамерници изгледа. Ама брзам да го разочарам него и целото ѓубре безделни сензациони писатели.
Многу го почитувам и целосно сочувствувам со ЈППП и особено со Асен Василев и Кирил Петков. Тоа што го направија е неверојатен почеток – да ја видиме нашата Бугарија како што всушност треба да биде. Исклучително сочувствувам со целото семејство на Кирил Петков, неговата сопруга Линда, која е цврсто покрај него и одговорноста со која ги воспитуваат нивните 3 деца, напишала пејачката и додала:

-За волја на Бога, во позадина на сѐ останато, тие се како икони, без претерување. Сметам дека несоодветното поврзување со Лена Бориславова е вулгарно, злобно и завидливо. Но, во мојата кариера видов многу повеќе омраза и отворена завист кон талентот и квалитетите на луѓето. Нема да простат дека човек може да биде паметен, способен, убав! Како што еднаш рекол еден мудар, во малата Бугарија има толку многу злоба и завист, што ако се поделат меѓу светското население, ќе експлодира. Се надевам дека Линда ќе ги издржи „бугарските традиции“. И на ПППП ќе кажам – со вас сме сите напредни млади кои си ја сакаат татковината! Продолжете, има уште работа! И добро е што ве има“, објаснила Андреа.

Извор:show.blitz.bg