СВР Тетово информира дека по полноќ била приведена жителка на градот, која претходно физички нападнала полициска службеничка која извршувала работни задачи.
Настанот се случи на булеварот „Маршал Тито“.
-Ноќеска (24 август) десетина минути по полноќ, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници ја лишиле од слобода 45-годишна жена од Тетово затоа што физички нападнала полициска службеничка која извршувала службени дејствија. Таа е задржана во Полициската станица Тетово и ќе се соочи со поднесок, информира портпаролот Марјан Јосифоски. Во истиоти период десетина минути по полноќ полицијата бележи физички напад врз 38-годишна жена, за што бил приведен 46-годишник од Тетово инаку нејзин роднина