Џенифер Лопез (53) се пресоблече во три неверојатни креации за нејзиниот голем ден, а сите три фустани беа волшебни и многу луксузни.
Главната венчаница ја потпиша познатиот моден дизајнер Ралф Лорен, а се работи за модел кој ја следи линијата на телото до колена, по што се шири и е шест метри долга.
View this post on Instagram
Оваа креација е украсена и со ролна јака, како и со проѕирна ткаенина со бели сатенски копчиња на задната страна, а Џеј Ло го комплетираше изданието со долг бел вел, бидермаер од бели цветови и бисерни обетки.
Останатите две венчаници се исто така дизајнирани од истиот бренд, а се верува дека секоја чинела од половина милион до дури два милиони долари, бидејќи биле рачно сошиени од најквалитетни материјали, а две содржат скапи монистра и кристали.
View this post on Instagram
Новопечената г-ѓа Афлек подоцна се пресоблекла во поедноставна, но сепак впечатлива венчаница без ракави со длабоко деколте украсено со циркони. Оваа креација се одликуваше со интересен превез налик на качулка, а пејачката ги стави и дијамантските обетки.
View this post on Instagram
За крај на големиот ден, Џенифер избра уште една спектакуларна креација, овој пат во шампањ боја. Фустанот, како и претходните два, ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината фигура на песочен часовник, а елиот е проткаен со мониста и бисери.
Која венчаница мислите дека беше најубава?