Времето денес: Сончево со умерен, повремено и засилен североисточен ветер – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/18 6:42 AM

Времето денес: Сончево со умерен, повремено и засилен североисточен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со умерен, повремено и засилен североисточен ветер, информираат од управата за хидрометеоролошки работи од каде додаваат дека утрото ќе биде студено и ведро.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до шест, а дневната од 16 до 24 степени Целзиусови.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 21 степен.

До петок времето ќе биде стабилно, со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат и под нулата. Преку денот ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури.

Од сабота облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе има повремен локален дожд.