Земјотрес во Пехчево – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/22 8:52 AM

Земјотрес во Пехчево

Земјотрес со локална магнитуда од 2,9 степени по Рихтер е регистриран утрово во 7 часот и 34 минути на 115 километри источно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Пехчево, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Според податоците на Опсерваторијата, интензитетот на земјотресот  е III степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот бил почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината.