(Видео) Чалам со БМВ! Како се престигнува од десна страна и на полна линија – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/22 8:21 AM

(Видео) Чалам со БМВ! Како се престигнува од десна страна и на полна линија

Фејсбук страницата „Сообраќајни згоди и незгоди“ објави видео на кое се гледа возило БМВ во кое возачот ја игнорира полната линија и вертикалните ознаки и ладнокрвно почнува да ја престигнува колоната возила од десната страна.
Дрското однесување на возачите на БМВ е забележано на југот на Хрватска.

Според тамошните медиуми, не помина ниту еден месец од отворањето на еден од најголемите мостови во Хрватска, Пељешки, а некои возачи веќе успеале да направат глупост на него.
Несомнено, останатите возачи кои биле на мостот имаа што да му кажат на овој возач, а не го штедеа во коментарите под објавата.

Фото: Принтскрин Фејсбук