Починати пет лица, нови 429 случаи со КОВИД – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/22 2:46 PM

Починати пет лица, нови 429 случаи со КОВИД

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 429 нови лабораториски позитивни случаи на КОВИД со што вкупната бројка на дијагностицирани е 338 549. Оздравени се 572 пациента, а пријавени се и пет починати лица.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, направени се 1 284 тестови, а од вкупниот број позитивни, 95 се реинфекции.
Од новите случаи, во Скопје се 171, Охрид – 28, Битола – 27, Куманово -19, Прилеп, Кавадарци, Велес и Гевгелија – по 17, Штип, Делчево и Берово – по 13, Тетово и Кочани – по 12, Радовиш – 7, Неготино – 6, Струмица, Кичево, Крива Паланка, Дебар и Демир Хисар – по 4, Гостивар, Струга, Валандово и Кратово – по 3, Ресен и Виница – по 2, Свети Николе, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по еден.
Од оздравените пациенти, од Скопје се 169, Охрид – 125, Струга – 37, Битола -28, Куманово – 26, Кавадарци и Велес – по 21, Прилеп – 19, Дебар – 14, Радовиш – 12, Кочани – 11, Струмица – 10, Штип и Гостивар – по 9, Неготино и Свети Николе – по 8, Гевгелија, Тетово и Кичево – по 7, Берово – 5, Кратово – 3, Крива Паланка, Демир Хисар, Валандово, Виница, Пехчево и Богданци – по 2, Ресен, Македонски Брод, Пробиштип и Демир Капија по еден.
Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (70 г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, од Скопје (73г), Битола (82г), Струмица (82г) и Охрид (49г). Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 13.08. до 18.08.2022 година.

Дојран и натаму без заразени.