Едвај држи очи отворени – Бен Афлек како зомби снимен по венчавката – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/22 10:06 AM

Едвај држи очи отворени – Бен Афлек како зомби снимен по венчавката

Папараците го снимиле Бен Афлек на пат кон аеродромот по неговата венчавка со Џенифер Лопез, а судејќи по фотографиите, на младоженецот навистина му бил потребен одмор.

Холивудскиот актер Бен Афлек беше снимен на пат кон аеродромот во Џорџија за да се качи во авион дома по неговата раскошна венчавка со Џенифер Лопез, а неговите најнови папарацо фотографии ги воодушевија сите.

50-годишниот актер изгледаше како едвај да ги држи очите отворени и има многу потреба од дремка по бурната забава додека се возел во задниот дел на теренецот и папараците го снимиле. Според пишувањето, Џенифер наводно била со него, иако на фотографиите не е јасно.

Двојката уште еднаш се венчаше на спектакуларната свадбена церемонија во имотот Бен Рисборо, Џорџија, која ја подготвија за семејството и најблиските пријатели, вклучително и голем број холивудски ѕвезди од А-листата.

Фотографијата од Бен може да ја видите тука!