Кога родителите ги срамат своите деца? – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/22 9:58 AM

Кога родителите ги срамат своите деца?

Родителот, по правило, цели да ги усреќува и радува своите деца…

Според ова, тој не би сакал да им создава непријатни ситуации или да ги посрамотува пред другите деца и останати. Сепак, децата, особено адолесцентите и тинејџерите често ги обвинуваат своите родители токму за засрамувачко однесување, што може да доведе и до затегнати односи, па дури и до оддалечување.

Затоа понекогаш се говори и за поимот „синдром на срамен родител“ што претежно се однесува на лица над 40 години, кои најчесто се чувствуваат помлади отколку што се, а децата ги доживуваат сосем спротивно. Едно истражување коешто опфатило 2.000 деца на возраст меѓу пет и 20 години и нивните родители нуди увид во првите 10 најсрамни работи што родителот ги прави за детето…

Мама / тато танцува! – 42 отсто;

Јавно покажување љубов (кон децата, или возрасните меѓу себе) – 41 отсто;

Користење на застарен „сленг“ и „обид“ да се изгледа младешки – 38 отсто;

Носење облека несоодветна за возраста – 23 отсто;

Раскажување непријатни приказни, анегдоти, детски приказни… – 21 отсто;

Чистење и раскренување по своите или по други деца – 20 отсто;

Приклучување на социјалните мрежи и „специфично“ однесување на нив… – 17 отсто;

Општо неразбирање на технологијата – 16 отсто;

Почнување разговори за секс – 16 отсто;

Претерано пиење алкохол – 15 отсто.