Се огласи таткото на Наталија, осомничената за убиство на Дарја Дугина – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/22 9:25 AM

Се огласи таткото на Наталија, осомничената за убиство на Дарја Дугина

Наталија Вовк, која е осомничена за убиството на новинарката и политикологот Дарја Дугина, пред извесно време заминала во Европа како бегалец, но набрзо се вратила, изјави нејзиниот татко за РИА Новости.

Според изворот на агенцијата, пред неколку дена Наталија му се јавила на својот татко и му кажала дека е на Балтикот.

– Ја прашав како е, а таа ми рече: „Се е во ред,“. Таа ме контактираше онлајн, Скajп или нешто слично. Таа рече дека е во Литванија – изјави таткото на осомниченaта.

Тој тврди дека не ни знаел дека неговата ќерка е во Русија и како стасала до таму.
Таткото на Наталија Вовк потврди дека таа служела во вооружените сили на Украина, но вели дека не била во Азовскиот полк.

Според него, таа се повлекла од војската од здравствени причини.
-Таа рече дека биле однесени на обука, но не знам дали пукале таму или не – рекол таткото и додал дека неговата ќерка не учествувала во таканаречените антитерористички операции во Донбас.

Да потсетиме, ФСБ во понеделникот како главен осомничен за атентатот на Дугин ја именуваше Наталија Вовк (43).

Таа пристигнала во Русија на 23 јули, користејќи регистарски таблички на Народна Република Доњецк за да избегне контрола.

Додека била во Москва, таа ги заменила таблиците на својот Мини купер за таблици од Казахстан, пријателска поранешна советска република. Во неделата, по бомбардирањето, Вовк заминала за Естонија со украински регистарски таблички, соопшти ФСБ.

Властите исто така рекоа дека Вовк ја користела нејзината ќерка тинејџерка како покритие за да и помогне да се движи низ Русија. Изнајмила стан во истата зграда во која живеела Дугина и била снимена со камера на вратата.

Дарја Дугина загина во експлозија на 20 август. Девојчето се враќало од книжевно-музичкиот фестивал Традиција, каде била со нејзиниот татко. Подоцна, во 21:25 часот, Дарја Дугина влегла во автомобилот и го напуштила фестивалот.

Се претпоставува дека во автомобилот на паркингот била поставена експлозивна направа. Автомобилот слетал од автопатот во 21 часот и 35 минути, по што одекнала силна експлозија во близина на едно село.

Извор: Телеграф.рс

Фото: Твитер