Во 2018 година имаше големо истражување во САД кое покажа дека паровите во просек имаат секс девет пати месечно.
Но, еден пар во Америка го користи бројот девет за да ја пополни својата банкарска сметка. Чудна приказна која има 15.000 верни фанови…
Тајлер Томпсон (23) е во врска со 19-годишната Ерин Санаган и гледаат дека нивната банкарска сметка расте за 6.000 долари секој месец откако нивните следбеници плаќаат на OnlyFans за да ги гледаат како се зближуваат…
Тајлер работи како градежен работник, додека Ерин се грижи за децата со аутизам. Имаат редовни работни места, но решија да соберат брзи пари за подобра иднина. Така, тие првично ги снимале своите интимни моменти како тест, а кога виделе голем одзив на публиката, решија да го направат тоа попрофесионално.
Секој месец, вкупно девет пати на следбениците им ги покажуваат сексуалните контакти, а минатата година на заедничка сметка виделе 70.000 долари.
Тие тврдат дека настрана паричната добивка, нивната врска е подобра од било кога, бидејќи се чувствуваат повеќе привлечни еден кон друг од порано.
„Ние ги поминуваме нашите вечери снимајќи ги нашите интими за да имаме подготвен материјал“, рече Томпсон.
„Го сакаме она што го работиме и вистината е дека сексот продолжува да се подобрува“.
Извор: e-radio.gr