Најавиле лошо време, а немало -Разрешени шефови на метеоролошката служба во Унгарија – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/22 8:24 AM

Најавиле лошо време, а немало -Разрешени шефови на метеоролошката служба во Унгарија

Унгарските власти ги разрешија шефовите на метеоролошката служба откако погрешно беше најавено лошо време, поради што големиот огномет беше одложен, јавува Би-би-си.

„Најголемиот огномет во Европа“ беше закажан за сабота навечер во Будимпешта, на Денот на Свети Стефан, националниот празник на Унгарија. Планирано беше да се испукаат 40.000 парчиња пиротехника од 240 точки на растојание од 5 километри долж Дунав. Но, седум часа пред почетокот на церемонијата, владата ја одложи свеченоста за следната недела поради лошите временски услови. На крајот времето остана стабилно, поради што беа сменети раководителот и заменик-раководителот на метеоролошката служба.

Метеоролошката служба се извини за погрешната прогноза, велејќи дека „најмалку веројатно“ сценарио се остварило и дека неизвесноста е составен дел на метеорологијата. Министерот за иновации, Ласло Палкович, синоќа ги разреши челниците на таа установа, пишува Би-Би-Си.