СВР-Битола информира дека вчера во 11:45 часот во просториите на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп бил повикан Н.А.(40) од Прилеп.
-На пријавениот му бил издаден прекршечен платен налог затоа што на улица „Широк сокак“ во Битола со патничко возило поминал на површина наменета за движење на пешаци. Како што е познато, главната битолска улица „Широк Сокак“ е строго забранета зона за моторни возила и велосипеди, информираат од МВР.