„Слави со срце, не со оружје”: МВР ги подучи граѓаните да не пукаат кога се веселат – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/22 6:10 PM

„Слави со срце, не со оружје”: МВР ги подучи граѓаните да не пукаат кога се веселат

Во склоп на заедничката превентивна кампања на МВР и УНДП „Слави со срце, не со оружје”, а како дел од оперативниот план на МВР „Безбедно лето 2022″, Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше превентивна активност со граѓани на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба, во селото Сингелиќ.
Притоа, полициски службеници им укажуваа на граѓаните за ризиците од употребата на оружјето при прослави и веселби и законските норми што го санкционираат таквото однесување. Воедно, како дополнување на едукативно-информативната активност, а во насока на совесно однесување и почитување на позитивната законска регулатива, граѓаните добиваа и соодветен материјал со едукативна содржина.
На граѓаните, исто така, им беше укажано дека огнометите треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги преземат пропишаните превентивни мерки.

 

Пукањето се санкционира по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а глобата за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31).

Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност”, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик). Одделението за превенција при СВР Скопје со ваквите активности.