Во Франција маркетите ги замрзнаа цените на 100 прехрамбени производи, а нашите маркети секој ден со нови поскапувања – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/22 3:00 PM

Во Франција маркетите ги замрзнаа цените на 100 прехрамбени производи, а нашите маркети секој ден со нови поскапувања

Најголемиот француски и европски трговски синџир “Carrefour” најави дека ќе ги замрзне цените на 100 прехранбени производи за да им помогне на луѓето во Франција да се справат со последиците од високата инфлација.

Компанијата најави дека планира да ги замрзне цените на прехранбените производи до 30 ноември.

Други водечки француски компании одлучија да ја преземат истата мерка како овој трговски синџир, по притисокот од Владата и претседателот Емануел Макрон. Тие, исто така, презедоа активности за да им помогнат на потрошувачите во земјата да се справат со рекордните поскапувања.
Во јули францускиот нафтен гигант “TotalEnergies” и бродската компанија “CMA”  најавија дополнителни чекори за намалување на цените. “TotalEnergies” на тој начин ќе ги намали цените на горивото на своите бензински пумпи низ Франција од 1 септември до крајот на 2022 година, додека “CMA2“ ќе ги намали транспортните трошоци за 750 евра по транспортен контејнер за увоз во Франција од Азија“, пренесува Индекс.