Деби Стивенс, тогаш 47-годишна самохрана мајка на две деца, донирала бубрег за да го спаси животот на својата шефица, а потоа била отпуштена, додека закрепнувала.
Џеки Брусија (61) ѝ се пожалила на Деби дека не може да најде донатор, по што ѝ понудила да ѝ го даде бубрегот. Двете се запознале додека работеле во компанијата „Атлантик Аутомотив Груп“, која продава автомобили во Њујорк. Стивенс била вработена во таа компанија две години. Таа ја оставила во јуни 2010 година, кога се преселила на Флорида.
После тоа, Деби решила да се врати на Лонг Ајленд и ја прашала Брусија дали може да ја врати на работа, што ѝ го направила. Два месеци подоцна, Брусија ја прашала дали сè уште сака да го донира својот бубрег.
View this post on Instagram
Кога дознала дека нејзината шефица чека долго време за трансплантација на бубрег, Дебора великодушно ѝ го понудила својот. По операцијата, Стивенсон имала компликации бидејќи ѝ биле оштетени нервите на ногата, па била на боледување еден месец. Поради ова, шефицата почнала да се однесува лошо со неа.
„Не можеш да си одиш дома кога сакаш. Луѓето ќе мислат дека овде добиваш посебен третман”, наводно ѝ рекол шефот.
После тоа Брусија се пожалила на раководството на компанијата, па Деби Стивенс добила отказ.
„Таа ми беше шефица и ја почитував. Не сакав да умре. Ова е многу болно искуство за мене”, рекла Деби Стивенс.
Дебора сега има намера да ја тужи компанијата за која работела и нејзиниот поранешен шеф за дискриминација.
Извор: Курир.рс