Цената на струјата расте, фирмите пропаѓаат, оставени се на ветрометина – Зошто Владата не реагира за помош на бизнисот и што предлага Стопанската комора – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/22 11:57 AM

Цената на струјата расте, фирмите пропаѓаат, оставени се на ветрометина – Зошто Владата не реагира за помош на бизнисот и што предлага Стопанската комора

Цената на електричната енергија за компаниите не престанува да расте и покрај сопствените мерки за штедење што компаниите сами си ги воведоа. Но, тоа не е доволно, бидејќи доколку итно не се преземе нешто многу компании ќе стават клуч на врата, многу работници ќе останат без плата. Стопанската комора континуирано ја следи оваа состојба и предлага мерки за итна реакција на Владата за да не дојде до многу сериозни последици.

Ова на денешната прес конференција го кажа потпретседателот на Стопанска комора, Зоран Јовановски, кој направи и споредба за да се види колку состојбата е сериозна.

-Некому можеби му изгледа чудно што прашањето за цената на струјата го поставуваме толку често. Пред мене имам податоци за една фирма, членка на Комората. Во јули годинава потрошила помалку струја од лани, а сметката за струја и е шест пати поголема. Лани платила еден милион, а сега шест милиони денари. Кој и до кога ке го издржи овој бизнис? Во Централниот регистар лани се избришани околу 7.000 правни лица, а годинава  веќе се  избришани 5.324 правни лица. Поентата е со оваа диналмика на бришење ќе се избришат повеќе правни лица и со вакви сметки за струја уште колку компании ке стават клуч на врата, прашува Јовановски.

Според него во бизнис секторот во овој момент нема поголем проблем од цената на струјата.

-Стопанската комора  предложи редица мерки и го чекаме одговорот на Владата и на државните институции, која мора да најде решенија за бизнис секторот за преживее. Ако тоа не се случи, многу фирми се затворат  лугето ќе останат без работа и плата и нема да можат да ја платат сметката за струја колку и да е субвенционирана. Прашањето за цената на струјата не е актуелно само во моментов, туку и за во иднина, рече тој и додаде:

-Да претпоставиме дека во сите земји од регионот има по една фирма која произведува ист производ и фирмите си конкурираат мегу себе. Ако претпотавиме дека тие имаат ист трошок, освен во ставката за електрична енергија, тогаш приозводот на нашата компанија ќе биде најскап и најмалку ќе се продава. Цената на струјата во регионот е пониска од нашата и ги прави нашите комапнии неконкурентни.  Цената на струјата е најважното економско прашање за опстанок на македонскиот бизнис сектор. Потребна е итна реакција затоа што времето поминува, вели Јовановски.

На новинарско прашање- на што се чека, на прогласување ли на енергетска криза,  потпретседателот кажа дека на Комората е да ги предложи сите мерки.

-Факт е дека повторно зборуваме за истите предлози, а тоа е затоа што не се направени. Треба да се реагира, предлозите се јавно објавени и очекуваме соодветна реакција. Комуникацијата постои, но нашите сознанија се дека Владата ќе разгледува оваа недела и се надеваме дека ќе се согласат со нас за сериозноста на проблемот, рече тој.

Во однос на инсталирање на фотоволтаиците и комплицираната процедура Јовановски рече дека е тоа е точно, дека досега процедурата била прилично комплицирана.

-Постои огромен интерес да се вложи во ова, само треба сите административни пречки да се отстранат за да можат компаниите сами да произведуваат струја од фотоволтаици, додаде Јовановски.

На новинарско прашање како е можно  другите во регионот помалку да произведуваат струја а да плаќаат помалку за струја, а како за пример беа наведени Албанија и Косово, Јовановски рече дека тоа е прашање на државна стратегија.

-Едно е да ги оставите компаниите  на ветрометина, а друго е да имате чувство дека пропаѓањето на тие компании предизвикуваат редица други проблеми.Што прават другите не можам да кажам, можеби властите се подготвени да преземат поголем дел од трошокот.  Кај нас сега излегуваат на површина слабости од долг период во минатото кога парите се трошеле така како што се трошеле. Ако се насочувале кон инвстиции во енергетскиот сектор сега ситуацијата ќе била подобра. Ние плаќаме цена за одлуки од пред 10, 20 или 30 години. Енергетските проблеми не можат да се решат преку ноќ, рече Јовановски.

На препораката на Владата до компаниите за штедење струја, кои наидоа на реакции во јавноста и за даночната реформа Јовановски вели:

-Во интерес на бизнисот е да штедат, тоа не треба никој да им го каже. Нема да најдете бизнисмен кој многу лесно се однесува кон овој проболем, сите максимално се загрижени. Оваа тема за нас е клучна . А во врска со даноците ќе речам дека Комората е во процес на интерна комуникација и разгледување на она што е предложено од Министерство за финансии и за тоа ке кажеме посебно, кажа на крајот Јовановски.