Полицијата лиши од слобода 44-годишен гостиварец, кој е осомничен дека крадел велосипеди и ги препродавал. Од СВР Тетово информираа дека во Одделението за внатрешни работи Гостивар се расчисти серија од шест кражби и тешки кражби.
– За извршувањето се сомничи 44-годшниот Б.С. од Гостивар. Тој вчера (21 август) околу 13 часот и 30 минути во Гостивар, е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, а по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, наведуваат од СВР Тетово.
Инаку, Б.С. во текот на оваа година, најчесто во централното подрачје на Гостивар противправно одземал скапи велосипеди, кои потоа ги препродавал на други лица. Дел од украдените велосипеди се пронајдени и вратени им се на нивните сопственици.
МИА