Модриците на Анџелина Џоли на мегдан, тврди дека Бред Пит ја нападнал во тоалет во авион – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/22 8:56 AM

Модриците на Анџелина Џоли на мегдан, тврди дека Бред Пит ја нападнал во тоалет во авион

Порталот “Page Six” на својот Твитер ги објави фотографиите од модринките на актерката Анџелина Џоли, кои наводно ги добила при физичка пресметка со поранешниот сопруг,  актерот, Бред Пит во приватен авион во 2016 година.

На фотографиите што се дадени на увид на ФБИ се гледаат модринки на раката и лактот. “Page Six” која ги добила овие фотографии, ги објавила на својата веб-страница, а тие се црно-бели бидејќи се скенирани од печатен извештај на ФБИ.


Според зборовите на познатата актерка, овие повреди настанале кога Бред, за време на летот, ја однел во тоалетот во задниот дел на авионот, каде ја фатил за раменици и ја тресел додека викал дека им го уништува семејството, пишува во извештајот на ФБИ.

Бред Пит, пак, ги негира сите тврдења на поранешната сопруга.

Во текот на летото 2016 година, синот на Медокс наводно го нарекол Бред Пит погрдно додека стоеле пред вратата од бањата. Според извештајот, Бред изгледал вознемирен и подготвен да го нападне својот син, па Анџелина интервенирала. Таа го фатила за вратот одзади за да го задржи, а тој ја оттурнал и актерката паднала на столовите.