(Видео) Паднало првото запросување во првиот геј клуб во Дубровник – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/22 9:47 PM

(Видео) Паднало првото запросување во првиот геј клуб во Дубровник

Паднал првиот предлог за брак во првиот хрватски геј бар Милк, кој беше отворен во Дубровник на почетокот на мај.

На видеото снимено од вработените во барот, се гледа како еден од мажите го водат со затворени очи кон партнерот, кој клекнува и го чека со намера да ја запроси.

Човекот не можел да ја сокрие среќата и изненадувањето кога ги отворил очите и ја видел сцената, а воодушевените гледачи му аплаудирале во моментот кога тој одговорил на судбоносното прашање „да“.

Барот го добил името по Харви Милк, првиот деклариран хомосексуалец во историјата на Калифорнија. Милк долго време е активист и пионерски лидер на ЛГБТ заедницата во Сан Франциско, а исто така и првиот политичар во Америка кој признал дека е геј.

На отворањето присуствувале многу познати фаци, а кума на клубот била Џана Апостолски.

Извор и фото: dubrovackidnevnik.net.h