Тешка сообраќајка на влез во Скопје, верижен судир – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/22 8:13 PM

Тешка сообраќајка на влез во Скопје, верижен судир

Страшна сообраќајна незгода се случила на влез во Скопје, поточно кај што се дели патот за обиколница.

На социјалните мрежи се постира фотографија за која велат дека е направена од местото на сударот. Според информација на очевидци сгтанува збор за верижен судир, па ги советуваат сите возачи да го избегнуваат овој дел од патот, да продолжат по патот кон Куманово и кај хотелот „Белви“ да се вклучат за влез во СКопје.

Се уште нема потврда за за загинати и повредени.

ММС неофицијално дознава дека станува збор за судир во 19 часот помегу две возила, „ опел“ со скопски регистарскитаблици и „бмв“ со австриски таблици. Повредени се четири лица, кои се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Се обративме и до МВР од каде ни реко дека увидот се уште трае и дека детали ќе има подоцна.