Министерост за земјоделство, Љупо Николовски вчера во Хрватска го славел 39-от роденден.
Министерот, заедно со македонска делегација се наоѓа во Горна Радгона, Словенија на 60-то издание на меѓународниот саем АГРА 2022
Тој пред малку на својот профил на Фејсбук се заблагодари на сите, кои му приредиле изненадување.
-Благодарам на сите за честитките. Вчера, #АГРА и јас, имавме роденден во ист ден. Затоа, покрај нашата традиционална кујна имаше и торта . Македонскиот штанд беше најпосетен, а нашиот ајвар, мед, вино, грав, афион и конзервирани производи неверојатно изненадување за сите. Благодарност до тимот за овој момент, напиша министерот.
Министерот Николовски на македонскиот штанд беше домаќин на претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и министерката за земјоделство, шумарство и храна, Ирена Шинко.