(Видео) Младоженците и сватовите, сите во бело – Бидна свадбата на Џеј Ло и Бен Афлек – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/22 9:57 AM

(Видео) Младоженците и сватовите, сите во бело – Бидна свадбата на Џеј Ло и Бен Афлек

Познатата двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа во саботата – по втор пат за нешто повеќе од еден месец – на раскошна церемонија на имотот на младоженецот, објавија американските медиуми.

 


Овој пат пејачката облече луксузен бел фустан изработен по мерка на модната куќа Ралф Лорен.

Фустанот со кратки ракави што ја следи линијата на телото има рез на грбот, а имала и долг превез од тул на главата. Актерот носел црно-бел костум.

Освен пејачката, во бело биле и сите останати гости на свеченоста. Белата беше тема на свадбата. Цветните аранжмани што го украсуваа имотот исто така беа бели.
Тие веќе се венчаа во Лас Вегас во средината на јули, но овој пат пред пријателите и семејството во имотот на Афлек од 35 хектари крај брегот во југоисточната американска држава Џорџија.

Холивудски гости на тридневниот настан беа долгогодишниот пријател на Афлек Мет Дејмон и режисерот Кевин Смит, Џејсон Муз, Џорџ Клуни, Рене Зелвегер, Џејн Фонда и водителот Џими Кимел,објави магазинот People.