(Видео) Данките тверкуваат во знак на солидарност со премиерката на Финска, а се огласи и мажот со кој танцуваше – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/22 6:25 PM

(Видео) Данките тверкуваат во знак на солидарност со премиерката на Финска, а се огласи и мажот со кој танцуваше

Данките почнаа да ги преплавуваат социјалните мрежи со видеа на кои тверкаат, танцуваат и пеат со своите пријатели, откако видео од забава на која присуствуваше финската премиерка Сана Марин стана вирална.
Премиерката доживеа своевиден линч откако протече двеминутно видео од приватна забава. Марин пееше и играше на видеото, а опозициските политичари и медиумите кои не се за политиката на премиерката почнаа приказни за тоа како таа конзумирала алкохол и дрога на забавата.

Имаше коментари дека ваквото однесување е непримерно не само за жена на јавна функција, туку и за жена на нејзина возраст и покрај тоа што Марин има само 36 години.


Во знак на солидарност, Данките кои се врсници на Марин почнаа да ги преплавуваат социјалните мрежи со видеа на кои танцуваат, пеат, пијат алкохол и генерално се забавуваат со своите блиски пријатели, на приватни забави, фестивали или во своите домови.
Освен што ја означија премиерката, жените на видеата се потпишаа со „Солидарност со Сана“, и покажаа дека забавите не се резервирани само за младите.

 

Откако се појави видеото од нејзиниот интимен танц со финскиот пејач Олави Уусивирт, се огласи финската премиерка Сана Марин, но и самиот пејач.


На прес-конференција во петокот, финската таа рече дека не се сеќава дека човекот со кој танцувала ја бакнал во вратот. Таа рече дека самата го гледала видеото и изгледа како Усивирта да и кажува нешто.
„Да, точно, јас сум мажена жена, но мислам дека тоа се работи кои се однесуваат на мојот приватен живот и немам намера детално да ги коментирам. Инаку, мислам дека не се случува нешто несоодветно во тоа видео“, рече Марин.

Уусивирта  вели:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olavi Uusivirta (@olaviuusivirta)

„Има многу шпекулации во јавноста за природата на односот меѓу мене и премиерката Сана Марин. Можам само да кажам што е вистина: ние сме пријатели и ништо несоодветно не се случило меѓу нас“, напиша тој на Инстаграм.
Марин е снимена како танцува со Уусивирт (39) и повремено ги допира рамената и колковите. Музичарот накратко се наведнува напред како да сака да ѝ шепне нешто на уво или, како што пишуваат критичарите на премиерот, сака да ја бакне во врат.

Извор: b92.net/мондо.рс

Фото: Твитер