Музичари, актери, спортисти и други познати фаци беа дел од славењето на раѓањето на внуката на Сашо Мијалков.
Забавата била во хотелот „Мериот“, а гостите ги забавувала Тамара.
Според фотографиите што гостите ги објавуваа на Инстаграм на забавата биле бизнисменката Олга Костовска, стилитот Сретен Костиќ, вљубениот пар Перо Антиќ и манекенката Катерина Иванова и многу други.
Синот на Мијалкови, Јордан пред неколку дена стана татгко, а пред еден месец во кругот на семејството направија свадбена веселба.