Не смее да има наркомани во Парламент – Пратениците во Чиле ќе бидат тестирани на дрога – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/22 3:38 PM

Не смее да има наркомани во Парламент – Пратениците во Чиле ќе бидат тестирани на дрога

Чилеанските пратеници во следните неколку дена по случаен избор ќе бидат тестирани на дрога.

Тестирањето ќе се спроведе откако минатиот месец беше усвоен предлогот тоа да биде задолжително, и покрај критиките од некои парламентарци.

Првите 78 чилеански пратеници ќе бидат тестирани по случаен избор следната недела. Мерката е со цел да се подобри транспарентноста на работата на Парламентот.

Во усвоениот предлог е наведено дека сите пратеници ќе треба да се тестираат два пати во текот на секој четиригодишен мандат, а сите позитивни резултати ќе бидат објавени.

МИА