Несреќа! Брза помош на свадбата на Џеј Ло и Бен Афлек, се слошило на мајка му – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/22 10:53 AM

Несреќа! Брза помош на свадбата на Џеј Ло и Бен Афлек, се слошило на мајка му

И додека сите нетрпеливо ја чекаат репризата на венчавката на Џенифер Лопез (50) и Бен Афлек (53), вчера во доцните попладневни часови на неговиот имот во Џорџија е забележано возило на Брза помош како носи некого во болница.

Излегува дека е мајката на Бен, Кристофер Ен Болт, која паднала и ја пресекла ногата.
Мајката на Бен итно била пренесена во болница, а Џенифер и Бен биле снимени пред болницата како чекаат лекари, додека неговата мајка била во инвалидска количка.


Според „Дејли мејл“, мајката на Бен паднала и си ја пресекла ногата, при што и биле потребни неколку конци.

За тазе брачниот пар Афлек, Џенифер и Бен се зборува уште од моментот кога ненадејно се венчаа во Лас Вегас, а сега решија да направат раскошна венчавка и да не штедат! Популарната двојка викендов повторно треба да го каже судбоносното „да“.


Буџетот на Џенифер Лопез и Бен Афлек наводно се движи  до 25 милиони долари. Според странските медиуми, свеченостите ќе траат три дена.

Извор: Информер.рс