Викторија i Дејвид Бекам наводно не можат да се пофалат со успехот на нивниот моден бренд.
Како што пренесуваат странските медиуми, наталожените долгови наводно достигнале околу 64 милиони евра, што е за околу 11 милиони повеќе од долговите во минатата година.
Деловниот неуспех не се случи преку ноќ, нивната компанија направи долг од 18 милиони евра во 2019 година, а речиси осум во 2020 година. И покрај вознемирувачките бројки, славната двојка се уште остварува голема заработка. Во 2020 година, Бекамови остварија профит од повеќе од 13 милиони евра.
Се вели дека причината за неуспехот на бизнисот е пандемија која нанела значителна финансиска штета на модната индустрија. Сепак, неуспехот на модниот бренд наводно е поврзан и со нестабилната врска во семејството, поточно онаа помеѓу Викторија и нејзиниот син Бруклин. Нивната врска е затегната поради сопругата на Бруклин, Никол Пелц, која Викторија наводно не може да ја поднесе.
Неодамна и самата Никол проговори за кавгата и откри дека мисли дека гласините произлегле од тоа што за венчавката не избрала венчаница од Викторија, туку од модната куќа Валентино.
„Ќе облечев нејзината венчаница и навистина сакав, но по неколку месеци таа рече дека нејзиното ателје не може да го направи тоа, па морав да изберам друг фустан“, изјавила Никол.
Таткото на Никол, Нелсон Пелц, е американски финансиер чие богатство, според Форбс, се проценува на 1,7 милијарди долари. Свадбата на Никол и Бруклин се одржа на неговиот имот вреден 103 милиони долари во Палм Бич, Флорида.
ИЗвор: мондо,рс